Бесплатни микробиолошки тестови за бремените од социјално ранливите категории

Бремените жени кои примаат социјална помош, минимална плата или се невработени нема да плаќаат партиципација за микробиолошки брисеви во рамки на предвидените прегледи за време на бременоста согласно донесените протоколи.

Станува збор за нова мерка, содржана во Програмата за мајки и деца која е изменета во однос на програмите изминатите години, а која денеска на прес-конференција ја најави министерот за здравство Никола Тодоров.

Посочи дека бремените жени потребно е само да достават потврда дека се невработени од Агенцијата за вработување, доказ дека се приматели на социјална помош од центрите за социјала работа или потврда дека примаат минимална плата.

„Согласно проценките станува збор за околу 6.000 бремени жени годишно кои ќе бидат опфатени со оваа програма за можност за бесплатни брисеви. Нема да има ограничување доколку има поголем број жени во теко на годината односно има можност да ја пришириме оваа програма. На овој чекор се одлучивме затоа што податоците говорат дека току предвреметното раѓање и недоносеност се почести кај ранливите групи жени, жените со понизок социо-економски статус, како и жени од рурални средини“,- рече Тодоров.

Тој потенцира дека правеле детални испитувања на податоците со кој располага Институтот за мајки и деца и на податоците кои ги имаат во Министерството и констатирале дека доеничката смртност е најголема кај овие групи, а особено значаен фактор е предвременото породување.

„Инфекциите во текот на временоста претставуаат важен и сериозен здравствен проблем и токму затоа овие прегледи се важни особено за спречување на плодот, недоносеност,стерилитет,спонтани абортуси и распираторни проблеми кои може да завршат и со смртен исход кај новороденчето“, – укажа Тодоров.
Нагласи дека кај жените од ранливите групи постои тенденција да се акумулираат опголем број неповлни фактори како низок степн на образование и на информираност, несоодветни животни услови, повисока стапка на тинејџерска бременост итн.
„Затоа ја воведуваме оваа значајна мерка што претставува голем чекор напред во унапредување на здравствената заштита кај бремените жени за навремено правење микробиолошки контроли за време на бременоста и преземање навремени мерки за лекување доколку тоа е неопходно, а со овозможување на навремена идентификација на бремени со висок ризик и нивен соодветен третман, намалување на стапката на предвремено раѓање, рано откирвање на конгенитални аномалии и намалување на стапката на доеничка смртност“,– рече Тодоров.

Истака дека бремените жени, микробилошките брисеви кои ги зема матичниот гинеколог може да ги доставаат до Институтот за јавно здравје, Институтот за микробиологија и во десетте центри за јавно здравје низ државата.

„Минатата година сериозно разимслуваме кои мерки да ги преземеме за намалување на доеничката смртност која е еден од индикаторите кои посебно ги следиме и на кои сме посебно фокусирани. Забележавме дека доеничката смртност бележи благ тренд на пораст во 2013 година и затоа сметавме дека е неопходно да преземеме соодветни мерки .Констатиравме неколку проблеми кои доведуваат до зголемување на доеничката смртност. Првиот основен прблеm е недоењето на гинеколог за време на бременоста, а вториот е неправењето на овие микробиолошки тестови“,- додаде Тодоров.