МОК обезбеди вкупно 100 илјади американски долари за развој на младинскиот спорт во Македонија

Во Сочи, Русија, Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски, оствари работна средба со раководните лице на ИОК при што се разговараше за активностите на МОК, но и за унапредувањето и зголемувањето на програмите на МОК за 2014 година. Главна тема на овој разговор беа вторите Младински олимписки игри кои треба да се одржат во Нанџинг, Народна Република Кина (16-28 Август 2014 година).

Најважно е да се истакне дека од страна на МОК, за таа цел се обезбедени дополнителни финансиски средства во износ од 50.000 американски долари, наменски средства за подготовка и обезбедување на норма како и финансиски средства за подготовки на оние млади спортисти кои ќе изборат учество (норма) на вторите Младински Олимписки игри. Овие средства се надополнување на веќе обезбедените 50.000 американски долари така што вкупниот износ кој МОК го обезбеди за развој на нашите потенцијални млади олимпијци сега изнесува 100.000 американски долари.

VasilTupurkovski_PrincAlbert