Продолжува акцијата за расчистување на дивите депонии

Акцијата на Општинскиот инспекторат и ЈП „Охридски Комуналец“ за расчистување на дивите депонии продолжува.

Во текот на денешниот ден беа исчистени депониите во Охрид и во околните населени места.

Во наредните денови акцијата ќе се спроведува долж Булеварот Туристичка, а ќе се чистат местата кои се обраснати со трева и трње, односно местата кои го нагрдуваат ликот на градот.

Имено, Општинскиот инспекторат започна да  работи во две смени и да ги санкционира граѓаните и правните лица кои ја загадуваат околината.