Изминатата 2013 година е успешна година за општината Вевчани

Поминаа 9 месеци на посветена работа од страна на градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. Изминатава 2013 година тој ја оценува како многу успешна година за општината Вевчани, година во која се реализирале голем број проекти.

„Пред 9 месеци јавно кажав дека подобриот живот нема алтернатива и се обврзав дека иднината на Вевчани нема да биде предмет на никакви компромиси.Во изминатиов 8-месечен период реализирав околу 80% од ветените проекти во мојата предизборна програма, како и проекти кои не беа дел од програмата, благодарение на Владата на Република Македонија и претседателот Никола Груевски.На 1 септември 2013 пуштена е во употреба новата училишна зграда, а инвестицијата е на Владата на Република Македонија, преку Министерството за образование и наука, во вредност од 65.000.000 денари. Новиот објект, со карактеристична вевчанска архитектура, зафаќа 2.450 квадратни метри и има капацитет за сместување на повеќе од 300 ученици во една смена. Располага со 18 училници и кабинети, придружни простории, канцеларии, високосовремена кујна, како и сопствено парно греење.Набавена е нова училишна опрема за новата училишна зграда во вредност од 3.000.000 денари, донација на Владата на РМ преку АД МЕПСО.Изграден е нов пристапен пат до новата училишна зграда на ОУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани со финансиска поддршка како грант од Светската банка, преку Министерството за финансии, во вредност од 1.200.000 денари.Партерно е уреден дворот на новата училишна зграда, а оваа инвестиција е на општината Вевчани во вредност од 1.000.000 денари. Во дворот на новата училишна зграда, поради ридскиот терен, изградивме потпорни ѕидови кои беа услов за Владата на Република Македонија, преку Министерството за образование и наука, да ја започне изградбата на спортската сала во Вевчани со 500 седишта. Инвестицијата за потпорните ѕидови е на општината Вевчани во износ од околу 1.800.000 денари.Изградена е и пуштена во употреба „Порта Вевчани“, која е целосно осветлена и се поставени 9 канделабри кои го осветлуваат влезот во општината. „Порта Вевчани“ претставува туристички патоказ и нов симбол на Вевчани, а е донација од ВИА ДОО Вевчани во вредност од околу 2.500.000 денари.Изграден е „25-метарски крст“ кој е целосно осветлен и изграден на 1300 м надморска височина во кругот на манастирот „Св. Спас“ над Вевчани, донација во вредност од околу 1.500.000 денари за развој на манастирскиот туризам.Изградени се манастирски конаци во кругот на манастирот „Св. Спас“ над Вевчани со средства од околу 1.000.000 денари обезбедени преку донација од АД МЕПСО. Асфалтиран е и пуштен во употреба локалниот пат „Млака“ во Вевчани. Оваа инвестиција е во вредност од околу 1.200.000 денари од Агенцијата за државни патишта.Започна партерното уредување на паркот во центарот на Вевчани. Првата фаза заврши, а во 2014 година продолжуваме со втората фаза.Со средства од општината Вевчани е извршено и чистење и реконструкција на осветлувањето на споменикот на природата „Вевчански извори“.По должината на патните коридори 8 и 10 во Република Македонија се поставени информативни патни табли за општината Вевчани со инвестиција од Агенцијата за државни патишта.Општината Вевчани доби свои регистарски таблички VV благодарение на Министерството за внатрешни работи.Пуштен е во употреба нов котел за парно греење, променети се прозорците и вратите и е изградена натстрешница на влезот во Здравствениот дом Вевчани, за што Министерството за здравство инвестираше 3.000.000 денари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство отвори подрачна единица во општината Вевчани.Распишан е оглас за доделување земјоделско земјиште под закуп на граѓаните во м.в. Суво поле. Ќе го вратиме земјоделството како во старите добри времиња кога имаше насади со винова лоза, жито и слично.Беше организирано Вевчанско културно лето – ВЕКУЛ кое опфати над 30 содржини во текот на летото и траеше до 8 септември.Отворен е Дневен центар за пензионери преку Министерството за труд и социјална политика.Променети се вратите и прозорците во детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани. Оваа инвестиција е преку Министерството за труд и социјална политика.Поставена е слободна интернет-зона на територијата на општината Вевчани преку Министерството за информатичко општество и администрација.Изработена е техничка документација за реконструкција и пренамена на старата училишна зграда.За прв пат и општината Вевчани беше украсена и блесна во новогодишен сјај, а за оваа активност општината Вевчани издвои 500.000 денари.Организиран „Вевчански карневал 2014“. Задоволството да се видат жителите и посетителите на општината како со весело расположение уживаат во богатата музичка програма, но и во другите содржини на Вевчанскиот карневал, е огромно.Докажавме дека можеме да направиме карневал кој може да се носи рамо до рамо со светските, дека вевчанци се неуморни и единствени во својата креативност и се одлични домаќини.“– истакна градоначалникот Угриноски.

Исто така, градоначалникот Угриноски додаде дека во 2013 година започнати се и други проекти кои се уште се  во тек:

„Ја започнавме изградбата на манастирот „Великомаченик св. Георгиј“. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и градоначалникот на општината Вевчани поставија камен-темелник на 6.5.2013 година, веднаш до „Порта Вевчани“. Се гради со донации во вредност од околу 300.000 евра и е во завршна фаза.Изработени се физибилити студија и мастер-план за развој и изградба на скијачки центар на планината Јабланица преку јавно приватно партнерство. Вредноста на овој проект е околу 15.000.000, а средствата се обезбедени од Владата на Република Македонија преку АД МЕПСО.Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија одобри проект за изградба на локален пат, делница: „Бебек-фарм до Св. Варвара. Во изминатава 2013 година општината Вевчани на најдобар начин и’ даде пример на целата држава како една мала општина по територија,но огромна по ресурсите и духот, се развива многу повеќе и многу подобро од некои други локални самоуправи”,- рече Угриноски.

Градоначалникот вети дека ќе продолжат и понатака посветено да работат, Вевчани да стане модерна општина со која сите ќе се гордеат.