Охридскиот Младински Совет утре организира поетско-музички рецитал „Недовршена Приказна“

По повод 14 годишнината од функционирањето, а во пресрет на големиот православен празник Св. Трифун, во името на љубовта и виното, Младински Совет Охрид го организира поетско-музичкиот рецитал „НЕДОВРШЕНА ПРИКАЗНА“.

Настанот ќе се одржи утре (четврток 13-ти февруари) во изложбениот салон во центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 12:00 часот.

Во рециталот учество ќе земат членовите на литературниот клуб „ПОЕМА“ хористите при градскиот хор, членовите на танцовиот клуб и балетско студио „СОНАТА“, како и ученици од музичкото училиште „Методи Патчев“.