Граѓаните на Охрид во изминатава година беа сведоци на макотрпна работа на Локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ, беше речено на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
„Проблемите со кои се соочуваше новото раководство при преземањето на Локалната самоуправа се проблеми кои ги допираа сите аспекти на функционирањето на градот. Само милионската сума на долг од над 32 милиони евра говори за бесконечниот амбис во кој била вовлечена Општина Охрид со владеењето на СДСМ во изминативе 8 години.Од друга страна: НА ВМРО ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за спасување на градот Охрид од банкрот. НА ВМРО ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за подобра иднина на градот Охрид. И токму поради ваквите обврски, ВМРО ДПМНЕ со Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески во сите сегменти од функционирањето на градот за многу краток период покажа видливи резултати. Резултати кои не успеавме да ги видиме во 8 годишното владеење на СДСМ со Охрид.“- истакна портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола МИтровиќ.
Како што рече Митровиќ, ВМРО ДПМНЕ ги знае реалните проблеми на жителите на градот Охрид, бидејќи како што кажа, ДПМНЕ е партија предводена од народот.
„ВМРО ДПМНЕ исто така во целост ја презема обврската кон конечно решавање на истите. Одредени проблеми се решија за многу краток период … впрочем тоа најдобро може да се согледа од отчетот на градоначалникот Бакрачески за 2013 година! Напоменуваме во истрајноста и упорноста кон реализацијата на неопходните проекти : кон подобрување на локалната инфраструктура, подобрување на условите во образовниот систем, подобрување на туристичкиот и културен домен, изградба на витални објекти за градот, индустриски зони и голем број на други проекти…. кои се веќе започнати и преставуваaт само мотив повеќе за работа со што подинамично темпо. Реализацијата на дадените ветувања преставува основна разлика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и оние кои го уништија Охрид. Народот во целост го препознава концептот на ВМРО ДПМНЕ со кој Охрид мора да преставува лидерска општина во Македонија не само од аспект на култура туку и во сите сфери на општеството. ВМРО ДПМНЕ покажува дела, а Охрид го препознава тоа и затоа ВМРО ДПМНЕ ќе оди кон уште една голема победа на престојните избори!“ – заврши Митровиќ.