Група граѓани на Охрид, реагираат за оставен оптад, кои со месеци се таложел на просторот од поранешниот полигон за мали спортови.
„Отпадот претставува потенцијална опасност за ширење зарази и болести, затоа што се наоѓа во непоследна близина на градинката „Јасна Ристеска“ и основното училиште „Глигор Прличев“. Молиме за соодветна брза реакција на надлежните служби. Отпадот е спакован во црни кеси, а дел е растурен низ целата тревна површина. Дополнително ви испраќаме и слики“. – стои во дописот испратен до медиумите, од Група совесни граѓани на Охрид.