Во 2014 година ќе започне изградба и реконструкција на 15 градинки

Оваа година Владата планира да започне изградба, да реконструира или да адаптира 15 градинки. Лани и во јануари оваа година се изградени, реконструирани и адаптирани 16 градинки, изјави премиерот Никола Груевски.

„Ние подготививме еден проект за градба, реконструкција и адаптации на градинки и во 2013 и во првиот месец во 2014 се изградени,адаптирани и реконструирани вкупно 16 градники. Осум нови се пред сам почеток на градба или на адаптација или на реконструкција, а седум други се планираат во средината или во втората половина на оваа година да се започнат и веријатно за неколку месеци ќе завршат. Практично секоја година ќе тераме една таква динамика. “– изјави Груевски.

Забележа дека во претходините децении овој дел бил прилично запоставен и како што рече ретко се памети некоја нова градинка да биде изградена или просторија што не била градинка да биде адаптирана во градинка.

„Тоа е еден процес којшто долго време бил запоставуван. И конечно пред неколку години со фокусирање на Владата на оваа значајна сфера, во одгледувањето и чувањето на децата и нивното растење во една здрава средина, каде ќе имаат сериозна социјализација, ќе научат многу работи, ќе престојуваат во безбедни и здрави услови. Владата се фокусираше и веќе ги имаме првите резултати. Така и ќе продолжиме “, – рече Груевски.