ММДЧП бара привремената влада на Македонија да спречи формирање на коалиција СДСМ/ДУИ и да објави датум за нови избори

Согласно Уставот на Република Македонија, Македонското меѓународно движење за човекови права бара од привремената влада на Македонија да спречи доделување мандат за формирање на влада, на коалицијата СДСМ/ДУИ, да спречи преземање на Собранието во нивни раце и веднаш да одреди датум за нови избори – слободни и без надворешни влијанија. Овие мерки се во надлежност на привремената влада и гарантирани со македонскиот устав. На коалицијата која што има поддршка од Западот не смее да и’ се дозволи да владее врз основа на анти-уставна и анти-македонска платформа. Нелегалното именување на претседател…

повеќе...

Зошто Доналд Трамп дозволува политиката на Обама и Хилари да прави пустош во Македонија?

Претседателот Трамп прави нешто што е многу неТРАМПистично. И тоа е нешто што загрижува. Тој дозволува политиката што ја спроведуваше администрацијата на Обама и Хилари да продолжи во иста насока, наместо да спроведува своја политика. Републиканците направија добар потег што во рамките на Конгресот започнаа истрага за грешки кои што во континуитет се случуваат од вработени во владиниот сектор, врз основа на политички насоките кон кои што дејствуваше претходната администрација, но тие сепак не ја спроведуваат својата политика. Зошто? Тоа би значело крај на превирањата што ја зафатија целата нација.…

повеќе...

Димитриев- Почивалшек: Македонија и Словенија имаат одлична соработка на повеќе полиња

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска оствари средба со Здравко Почивалшек, министер за економски развој и технологија на Република Словенија. На средбата беа поздравени одличните политички односи помеѓу двете земји кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебно почитување и соработка. Беше изразено задоволство и од трендот на раст на билатералната економска соработка и трговската размена, информираат од владината прес-служба. Премиерот Димитриев истакна дека Владата има силен фокус кон реализација на економските политики и реформи кои резултираат со намалување на невработеноста и обезбедување на економски…

повеќе...

Министерот Павлески на Економскиот форум за Западен Балкан во Минхен

Многу германски компании веќе ги препознаа и ги искористија инвестициските можности што ги нуди Македонија како идеална локација со најповолни фискални, даночни и оперативни можности кои ги подобруваат економиите на компаниите, правејќи ги поконкурентни и попрофитабилни на глобалниот пазар, истакна министерот за странски инвестиции Бил Павлески на Економскиот форум за земјите од Западен Балкан во Минхен. Како главен говорник на настанот, откако ја претстави македонската економија, Павлески нагласи дека повеќе германски компании се веќе присутни во земјава со свои производствени капацитети и се најголеми работодавци кои отвораат нови работни места.…

повеќе...

Објавен тендерот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје

Во официјалниот гласник на Европската унија е објавен тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Инвестицијата само за изградба чини околу 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во вредност од 128 милиони евра, рече денеска на прес- конференција во Порта „Македонија“, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Посочи дека по спроведување на законските процедури, градежните работи ќе стартуваат на почетокот на 2017 година, кои е предвидено да завршат до крајот на 2021 година, односно рокот на изведба е 45…

повеќе...

Димитриев-Хеемскерк: Светска банка со позитивни оценки за владините политики

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска се сретна со Франк Хеемскерк, извршен директор во Светската Банка. На средбата соговорниците, изразиja задоволство од позитивните односи помеѓу двете страни кои резултираат со реализација на голем број мерки, проекти и реформи чија цел е економски раст и развој на Македонија и задоволување на реалните потреби и интереси на граѓаните. Претседателот на Владата изрази благодарност за целокупната поддршка која Светската банка ја дава на нашата земја во спроведувањето на реформите и проектите, како и благодарност до директорот…

повеќе...

Средба Емил Димитриев – Јоханес Хан

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, г-дин Емил Димитриев, денес оствари средба со Јоханес Хан, комесар за европската соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија. На средбата беше истакната значајноста и потребата за членство на Република Македонија во Европската Унија, при што беше истакната заложбата на двете страни за реализација на реформите кои се потребни за унапредување на стандардите кои се од значење за нашите европски интеграции. Претседателот на Владата истакна благодарност до Европската Унија за соработката во процесот на спроведување на реформите. Соговорниците…

повеќе...

Владин тим во Брисел го претстави напредокот во Македонија пред издавањето на извештајот на ЕК

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, заедно со заменик-министерот за правда Биљана Бришковска-Бошкоски и државниот секретар за европски прашања Ана Блажевска се во дводневна работна посета на Брисел, каде во очи на претстојното објавување на прогрес-извештајот на Европската комисија за Република Македонија, се сретнаа со голем број високи претставници на Европската унија, на кои директно им го претставија напредокот во македонската држава во повеќе области. Во Европскиот парламент, трите владини претставнички се сретнаа со известувачот за Македонија во ЕП, Иво Вајгл и со европратеничката и претседател на „Групата…

повеќе...

Македонија користи искуства на Германија, Полска и Хрватска во ЕУ-интеграцијата

Препораки за унапредување на меѓуминистерската организација, координацијата и управувањето со ИПА фондовите и подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, се дел од резултатите на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“. Спроведен е од Секретаријатот за европски прашања и конзорциумот од три земји членки на ЕУ – Германија, Полска и Хрватска, а во него беа вклучени и експерти од Бугарија. На денешната конференција по повод затворањето на твининг проектот се обрати вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, кој истакна дека…

повеќе...

Заокружен проектот за превод на 1.000 стручни и научни книги и учебници

Нови десет наслови од проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија, денеска беа промовирани во Скопје со што се заокружи бројот од предвидените 1.000 наслови во рамки на проектот. Заради успешноста на едицијата, како што најави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, проектот ќе продолжи со превод на уште 200 книги во наредните четири години, а за првите 50 од областа на педагошка…

повеќе...