Одржан првиот Куп на Македонија во стрелаштво во конкуренција на пионери-ки

Викендов во Скопје на стрелиштето во Раде Јовчески Корчагин се одржа првиот Куп на Македонија во конкуренција на пионери-ки во национална програма. Поради здравствени причини 3 пионери го отакажаа своето учество, па само 4 стрелци од СК ,,Охрид,, и ЖСК ,,Лихнидос,, зедоа учество на овој Куп.

Димитар Патчев од ЖСК ,,Лихнидос,, за само еден круг не успеа да се пласира на првата позиција, па заврши како второпласиран со резултат од 161 круг. Од СК,,Охрид,, Виктор Димоски се пласира на 4-тото место со резултат од 152 круга.

Овај Куп беше закажан само една недела претходно и немаше доволно простор за повеќе тренинзи, и се одржа спротивно на барањата на СК ,,Охрид,, натпреварите за пионерите-ките да се одржуваат од март месец, заради ниските температури кои не даваат можност за одвивање на непречени и ефективни тренинзи.