Се сруши кров врз амфитеатар во Јужна Кореа

Најмалку 10 студенти загинаа, а околу 100 се повредени откако, поради тежината од снегот, се сруши кровот врз амфитеатарот од еден факултет во Јужна Кореа. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат уште 10 студенти.

Несреќата се случила за време на концерт по повод прославувањето на запишувањето на бруцошите запишани на странски јазици од Универзитетот Бусан.

Полицијата наведе дека на прославата присуствувале 565 студенти. При акцијата за спасување учествувале околу 400 спасувачи.