Земјотрес во Грција почувствуван и во Охрид

Денес во 12 часот и 42 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес.

Според црногорскиот Завод за сеизмологија, епицентарот на земјотресот е регистриран во Грција, 13 километри југозападно од Лерин, на длабочина од 5 километри, со интензитет од 3.7 степени.

WebOhrid