ВМРО-ДПМНЕ: Отчетот на градоначалникот е само прва фаза во спроведувањето на сите програмски заложби што ги има ДПМНЕ за Охрид

Во врска со соопштението на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:

„Очигледно е дека одредени политички маргиналци преставени во Народна партија (партија пред згаснување) не знаат што значи отчетна и транспарентна работа.

Треба да знаат дека Отчетот е сигнал на работа и посветеност кон подобрување на живеењето во Охрид. Времето на трошење пари без отчет, времето на злоупотреби на службени позииции, времето на неработење помина. И народна и СДСМ и сите други треба да разберат дека ВМРО ДПМНЕ има стил на работа кој се базира на принципиелност, транспарентност и отченост. Ако нa тоа не се навикнати двајца тројца т.н народњаци, немора ни да се навикнат. Тоа е нивен начин на владеење против Охрид!

Отчетот на Градоначалникот е само прва фаза во спроведувањето на сите програмски заложби што ги има ВМРО ДПМНЕ за Охрид. Отчетот е прва фаза на преродбата на Охрид и прва фаза од излез од темниот тунел кој го оставија Нaродна и СДСМ.

Затоа срамно е Народна и СДСМ да критикуваат отчет кој тие никогаш не го практикуваа.Нивниот „отчет“ се покажува сега , нивниот „отчет е 50 милионски долг, нивниот отчет се погрешни урбанистички решенија, нивниот отчет се запустен град и нивни лични интереси. Тие нека се „гордеат“ со нивниот отчет …..ние ќе имаме уште многу отчети ,уште многу успеси во преродувањето на Охрид.“ – се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Охрид.