Во новоконципираната поставка, изложена во три галериски простори на 3.500 метри квадратни, се претставени над 300врвни уметнички дела. Тука се ликовните дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински, уметничките форми и инсталации на Калдер, Јанис Гаитис, скулптурите на Иван Кожариќ, Душан Џамоња, Роберт Јакобсен, Штурса… Изложени се и делата на авторите кои го илустрираат развојот намакедонската современа ликовна уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Димитар Кондовски, Душан Перчинков, Јордан Грабулоски, Родољуб Анастасов, Анета Светиева.
Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, тоа е само дел од меѓународната колекција и репрезентативна национална збирка на откупени и донирани над 5.000 дела на околу 2.000 автори од 66 земји на светот кои по земјотресот во 1963 го дадоа својот придонес во обновувањето на Музејот на современа уметност.
„Со голема одговорност се исполнува ветување, долг кон историјата на уметноста, кон нашето културнонаследство, кон македонската публика бидејќи по неприфатливата децениска „пауза” во која бевме осиромашени за едно богато визуелно задоволство, во овој нов современ простор од 1.500 метри квадратни добиваме можност да ги видиме и доживееме делата на македонските и светските автори кои со својот индивидуален пристап оставија длабоки траги во современата ликовна историја“, рече Канческа-Милевска.
Таа истакна дека постојаната поставка постојано ќе се надополнува и со ликовните дела и скулптурите од мал галериски формат кои преку стимулативните мерки и откупи на Министерството за култура во голема мера ќе го збогатат фондот на оваа институција.
„ Нашите автори заслужуваат ваков простор за изложување на своите дела, а нашата публика заслужува Музеј со извонредно значајни содржини од кои и младите генерации ќе може да ги збогатат своите искуства и сознанија засовремената ликовна уметност“, рече министерката за култура.