Општинската организација на ГРОМ од Охрид продолжува со хуманитарните активности и токму денеска претставници на партијата ги изненадија членовите на Здружението за телесно инвалидизирани лица со ненадејна посета и им подарија компјутер.
„Со овој гест ГРОМ покажа дека има поинаков став кон ранливите категории на лица од другите политички партии“ – истакна претседателот на Здружението, Венко Голабоски при примањето на компјутерот.
Оваа хуманитарна акција се реализираше на иницијатива на член на собранието на Здружението, Иљче Јоноски, а организатори беа претседателот на ОО ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски и секретарот, Сашо Робески, кои од оправдани причини не присуствуваа на настанот.
Членовите на здружението искажаа огромна благодарност кон партијата, бидејќи за нив овој скромен подарок бил од големо значење и многу ќе им помогнел во секојдневните активности.
Членовите на Општинската организација на ГРОМ од Охрид сметаат дека сите граѓани треба да бидат вклучени и видливи во сите сфери на општеството, а во ера на дигитализација и олеснета комуникација вклучувањето најбрзо оди со помош на компјутерската технологија. Токму затоа ГРОМ – Охрид донира компјутер со што започна една убава и успешна соработка која што ќе трае и во иднина на општо задоволство на двете страни.