Две деца загинаа откако огромна карпа падна врз нивната семејна куќа кај скијачкиот центар Изола 2000 во јужниот дел од француските Алпи.
Децата на возраст од 7 и од 10 години спиеле заедно со уште 5 возрасни, утрото околу 5 часот кога се случила трагедијата.
Околу 60 лица учествувале во извлекувањето на луѓето од урнатините, вклучувајќи и кучиња трагачи. Тројца од возрасните успеале веднаш да се извлечат, додека пак двајца се префрлени во болница на понатамошно лекување. Тие се надвор од животна опасност.
Моментално, француските школи се на распуст веќе втора недела, а одморалиштата на Алпите се најпосетени, бидејќи најголем дел од семејствата доаѓаат на скијање.
Како причина за одронот на карпата се наведуваат неодамнешните врнежи од дожд и топлото време.