Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески денес при посетата на ОМУ „Методи Патче“, најави отварање на паралелка за средно музичко образование.
„Локалната самоуправа поттикната од успесите коишто ова основно музичко училиште ги постигнува во континуитет, реши да отвори паралелка за средно музичко образование кое ќе функционира во рамки на постоечкото училиште. Во овој момент постапката е во тек се чека на согласност од Министерството за образование, по што е планирано во новата училишна година, односно во месец септември да стартува оваа паралелка“. – рече градоначалникот Бакрачески.