Тимот на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција, денеска во општина Охрид, одржа регионален состанок со претставници на Локалната самоуправа, основните и средните училишта кои се вклучени во третата фаза на имплементација на проектот.
Учесниците на состанокот беа запознати со концептот за меѓуетничката интеграција во образованието и добија насоки за вклучување во проектните активности. Во оваа фаза ќе бидат вклучени 40 нови општини и 183 средни и основни училишта од Република Македонија.