Вечерва во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, се одржа голем хуманитарен концерт под мотото „Заедно сме посилни- Со музика за подобро утре“. Голем број на охриѓани го проследија овој хуманитарен настан. Настанот е во организација на ОО на Црвен крст Охрид и ЦКА/ПХВ програмата.
„Концертот се организира по повод промоција проектите кои ги работат младинци од 14 до 18 години во состав на програмата Црвен Крст во акција промоција на хумани вредности. Со овој концерт сакаме да покажеме колку е моќта во младите и колку тие можат да го сменат начинот на живот во заедницата каде што живеат, односно со овие проекти кои младите ги изработуваат го менуваат животот на повеќе луѓе, во самата заедница. Оваа програма е национална, и секоја година се изработуваат мали проекти, така да годинава овој циклус завршува на 15 март, меѓутоа младинците кои ги работеа овие проекти се членови и волонтери на Црвениот Крст и секако ќе продолжат со нивните активности“. – истакна за WebOhrid, Јованка Сион Доленц, дисеминатор на програмата, промоција на хумани вредности, Црвен крст во акција промоција на хумани вредности.
На Концертот настапија музички имиња од Охрид „THE BACKDOOR BAND“, „КАМЕЛЕОН“, „ANGRY BIRDS“, Ѓоко Танески и многу други.
А. Андриоски/WebOhrid