Министерството за финансии исплати 210,9 милиони денари субвенции на 1.316 сточари за одгледување овци. Финансиската поддршка за одгледување овци изнесува 1.000 денари по грло.
Како што соопшти денеска Министерството за финансии, исплатени се субвенции на сточари кои одгледуваат овци низ цела територија на Република Македонија.
Владата, како што е наведено во соопштението, со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.