Управниот одбор на Здружението на Египќаните „Пирамида ЗЕМ“, денес во големата сала на Општина Охрид го одржа своето редовно изборно годишно собрание. На собранието присуствуваа Египќани од Охрид, претставници од другите етнички Здруженија, како и претставници од Локалната самоуправа.
Собранието избра ново раководство. За претседател беше избран Арбен Демироски – Бено, потпретседател Дејвид Фазлиоски, секретар Кујтим Ибраими, портпарол Јасмина Џаку, благајник Насер Ибраим, советодавец Нијази Таип. Избрани беа и тројца членови Беким Селим, Елвис Али и Аки Рамадан.
Пред присутните се обрати и заменик-градоначалникот Ангел Јанев, советникот Кујтим Усеини кој воедно беше избран за почесен претседател на Здружението. Се обратија и Нијази Таип претседател на Египќаните од дијаспората, како и претставници од ИВЗ – Охрид.