Одржувањето на јавната чистота на јавно-прометните површини кои согласно законот за Јавна чистота се точно дефинирани, треба да ги одржува Ј.П.„Охридски Комуналец“. Од претпријатието велат дека секојдневно се соочуваат со проблеми кои произлегуваат од создавањето мини-депонии на приватни имоти.
„Овие мини-депонии се наоѓаат на многу фреквентни локации и претставуваат неубава слика и опасност за сите граѓани.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Денес, по налог на Општинскиот инспекторат се расчистуваше локацијата која е во приватна сопственост, (просторот беше целосно запоставен од сопствениците), а се наоѓа покрај најфреквентната сообраќајница во Охрид – „Булевар Туристичка“, во близина на Градскиот пазар.
Подигнати се големи количини зелен и расфрлан комунален отпад.