Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ започна проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“

Во рамките на проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“, на 27-ми февруари, во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ беше организирано предавање за наставниот кадар и стручната служба. Во првиот модул од овај проект, наставниот кадар и стручната служба беа запознати со штетните последици од злоупотребата на дрогата како социопатолошка појава, препознавање и навремено спречување на злоупотребата на ова зло. Предавањето беше спроведено од страна на обучен едукатор за оваа област, а ќе се одвива во три модули.

Во вториот модул наставниците преку воспитно – образовниот процес ќе ги запознаат учениците, а во третиот модул родителите преку родителските средби, со штетните последици од овај опасен порок. Училиштето, овој проект ќе продолжи да го спроведува во соработка и координација со родителите, СВР Охрид и Локалната самоуправа.

ugostitelsko_obuka_400_1