Започна конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за изборт за кандидат за претседател на Република Македонија.
Конвенцијата ја отвори Калиопи со химната на Република Македонија, а подоцна на сцената и се придружија Наум Петрески и Миле Кузмановски и заедно ја изведоа Земјо Македонска.
На самиот почетокот од свеченоста беше избрано работното претседеателство на Конвенцијата. За членови беа избрани Ашим Зекироски, Ивица Коневски, Даниела Рангелова, Биљана Бришковска Бошковска, Гордана Јанкуловска , Илија Димовски, Владимир Нелоски, Силвана Бонева, Антонио Милошоски , Ѓорѓи Доцев и Спиро Ристовски.
Кандидатот ќе биде избран од страна на 1300 делегати.