Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“ СВР Охрид против А.Ф.(33) од Охрид поднесе кривична пријава.
Пријавениот, на 25-ти минатиот месец го пресретнал С.Д. од Охрид и и со рака го удрил во пределот на лицето нанесувајќи му црвенило и лесни повреди. Настанот се случил на булеварот „Македонски просветители“ околу 21 часот и 20 минути каде пријавениот откако го забележал С.Д. го удрил и му упатил сериозна закана барајќи му 1000 евра или замена за месо и пијалоци во износ од 2000 евра. Потоа повторно го удрил со рака заканувајќи му се настанот да не го пријавува во полиција.
А.Ф. е лице познато на службата против кого СВР Охрид по разни основи и досега поднесувал кривични пријави.