Во текот на оваа работна недела екипите на „Паркови и Зеленило“ вршат пролетно средување на дрворедот вдолж сообраќајницата „Булевар Туристичка“. Оштетените дрвја се санираат, сувите и искршени гранки се отстрануваат, а крошните се оформуваат. Исто така се коси тревниот дел вдолж оваа сообраќајница на потегот од крстосницата кај Градскиот пазар до месноста Петља.