Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ дваесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 11.03.2014 година (вторник) со почеток во 13:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записник од 19-тата седница
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на буџетот по завршната сметка на буџетот на општина Охрид за 2013 година и Извештајот за попис за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за работењето на Oдделението за даноци за периодот 01.01. – 31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на одделението за комунални такси за периодот од 01.01. – 31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2013 – 2015.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за периодот 01.01 – 31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на територијалната противпожарна единица–Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на секторот за спорт, млади и невладини организации за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајoт за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште за 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изведба и реконструкција на локални патишта и улици 2013 – 2015.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за јавно осветлување за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води 2013 – 2015година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2013 – 2015 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за јавна чистота за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за јавни паркови и зеленило за 2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. – 31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и извештајот за работењето на ЈП „Градски Пазар“ Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и извештајот за работата на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и извештајот за работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01.- 31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и извештајот за работата на ЈП „Погребни услуги“ Охрид за периодот од 01.01.-31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и извештајот за работењето на ЈП „Грaдски гробишта“ Охрид за периодот од 01.01. – 31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и извештајот за работењето на МЈП „Проаква“ Струга РЕ Водовод Охрид за периодот 01.01.-31.12. 2013 год.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната сметка и извештајот за работењето на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид за периодот 01.01. – 31.12.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОУ „Христо Узунов“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОУ „Григор Прличев“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОУ „Братство Единство“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОУ „Кoчо Рацин“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОМУ „Методи Патче“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот извештај за работа на ОЈУ отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“-Охрид за 2012/2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на извештајот за финансиското работење и годишната сметка за 2013 година на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на статутот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на правилникот за организација и систематизација на работните места на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
- Предлог Одлука за збратимување на градот Охрид, Република Македонија со градот Подољск, од Московска област, Руска федерација.
- Предлог Одлука за заедничко организирање на Јавен линиски превоз на патници.
- Предлог Одлука за усвојување на подстратегијата за рурален развој на општина Охрид 2014 – 2018.
- Предлог Одлука за усвојување на процена на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности.
- Предлог Одлука за усвојување на Локален акционен младински план (ЛАМП) за општина Охрид 2014-2018 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема (столови и маси) за 2014 година.
- Предлог Одлука за утврдување на висината на комуналната такса за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност.
- Предлог Одлука за општински линиски превоз на патници во општина Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Гордана Коњановска