Охридско-струшкиот регион, кој е на прво место според рангирањето кое го изврши ФДИ магазинот (Financial Times Ltd) е најповолен за инвеститорите во Европа. На ранг листата на високо место котираат и Скопскиот и Штипскиот регион.
Ова рангирање покажува дека Македонија е препознатлива бизнис дестинација, а по тој повод на 12-ти овој месец ФДИ Магазинот во Кан ќе додели и награда за Македонија. На доделувањето на наградата се очекува да присуствува директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.
Според спроведените анализи од ФДИ во ноември 2013 година на пазарот забележани се 3.652 гринфилд ФДИ проекти во Европа. Во европскиот регион се реализирани најмногу ФДИ проекти, односно третина од глобалните ФДИ, од кои 665 инвестиции односно 18,2 отсто биле во делот на софтверскиот и ИТ сектор.
Во студијата именувана „Европските региони на иднината 2014/15“ магазинот изврши анализа и рангирање, при што примени нова методологија односно ги внесе градовите и регионите како нови параметри кои ќе бидат анализирани според ФДИ стратегија и бројот на жители, со цел да се класифицираат градовите и регионите според нивната големина.
Македонија земајќи ја предвид својата визија-промоција на поволностите за инвестирање, промените за подобрување на бизнис климата, како и реформите спроведени со цел подобрување на условите за реализирање на инвестиции, по спроведеното рангирање.
Во групата региони, Македонија беше рангирана во ТОП 10 Европски региони, каде по ценовната ефикасност Охрид/Струга-Македонија е рангирана на прво место, во ТОП 10 Мали европски региони, Охрид/Струга-Македонија е рангирана на прво место, а во категоријата ТОП 10 Јужноевропски регион на ФДИ стратегија, Охрид/Струга- Македонија е рангирана на шесто место.
Во групата градови, Македонија беше рангирана во категоријата ТОП 10 мали европски градови според ценовна ефикасност и Скопје (Македонија) е рангирано на прво место, во ТОП 10 микро европски градови според ценовна ефикасност, Штип е рангиран на прво место, а втората позиција му припадна на градот Велес.
Во категоријата ТОП 10 Јужноевропски градови според ФДИ стратегија, Скопје (Македонија) е рангирано на петто место, во категоријата ТОП 10 мали европски градови според деловна соработка, Скопје (Македонија) е рангирано на 10 место, а во категоријата ТОП 10 Мали европски градови според ФДИ стратегија, Скопје (Македонија е рангирано на 10 место).
Регионално, во категоријата на ценовна ефикасност доминираше регионот на Источна Европа, односно на првото место рангирани се Охрид/Струга. Во рамките на рангираните градови и региони има формирани технолошко-индустриски развојни зони, од кои зоните во Скопје и Штип се функционални и во нив се сместени преработувачките капацитети на реномирани компании.
Позициите кои Република Македонија ги зазема во рамките на рангирањето се доказ дека државата полека но сигурно станува препознатлива бизнис дестинација. Македонија е земја која поседува низа погодности, можности, поволни услови, квалитетна работна сила, кооперативен бизнис сектор, но и успешна промотивна стратегија за што најдобар показател е бројот на СДИ, односно компании кои инвестирале или ги најавиле своите инвестиции.