ОК на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе спроведе активност „Ден на идеи“

Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид ивестуваат дека утре (сабота) 08.03.2014 година, во периодот од 12 до 15 часот ќе ја спроведе активноста „ДЕН НА ИДЕИ“. Сите граѓани кои имаат одредени идеи истите ќе можат да ги приложат во писмена форма на трите поставени пунктови и тоа на градскиот плоштад, кај охридскиот чинар и во ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Активноста „Ден на Идеи“,  има за цел доставените идеи да бидат дел од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ на престојните избори.