Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ по налог на општинскиот инспекторат ја санира пешачката патека по улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „Питу Гули“ до месноста „Стобекс“. Отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и диви жбунови од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците и видливоста на сообраќајните знаци.
Во одржувањето на зеленилото по јавно- прометните површини Ј.П. „Охридски Комуналец“ секојдневно се сретнува со проблеми кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и жбуновите кои од приватните имоти се шират на јавните пешачки површини и сообраќајниците.
Од ЈП „Охридски комуналец“ ги потсетуваат граѓаните дека се должни сами да го одржуваат зеленилото на нивните имоти и тоа не смее да преминува на јавна површина и дека согласно Законот за јавна чистота овие дејствија подлежат на ригорозни казни.