Во тек е изградбата на канализациона мрежа во село Мешеишта

Во село Мешеишта деновиве интезивно се гради канализационата мрежа во должина од 8 километри. Договорот за изградба на канализационата мрежа со фирмата изведувач е десет (10) месеци, тоа значи дека до крајот на годината мешеиштани ќе ја добијат долгоочекуваната канализациона мрежа со што конечно ќе се реши проблемот со преполнетите септички јами. Средствата за изградба на канализационата мрежа се обезбедени од Агенција за земјоделство и рурален развој во висина од 14.545.000,00 денари и претставува еден од поголемите инфраструктурни зафати во општината, односно еден од ветените проекти на Градоначалникот Трајкоски.

KanalizacijaMeseista02