Форум на жени на ОО Гром Охрид: Осми март, ден кога треба да се искаже почит кон жените и нивните дела

Некои Осми март го гледаат како празник кога нешто мора да се подари на секоја дама, некои сметаат дека не може без убава трпеза и музика, но секој има право да го прослави Денот на жената онака како што го чувствува празникот и да ја слави жената на свој начин.

Унијата на жените на ОО Гром Охрид , Осми март го прослави во духот на партиското мото , а тоа е дружбата и блискоста меѓу членството и симпатизерите пред се. Со скромна забава, кога се работи за материјалната страна, но затоа богата со смеа и расположение, членките на Форумот  на жените  на ОО Гром го прославија Осми март. Претседателот на ОО Гром Охрид, Љупчо Настоски, им подари на сите присутни дами цвеќе како знак на почит кон дамите, но и благодарност за нивната ангажираност во партијата, затоа што дамите од ден на ден стануваат се повидливи во активностите на Гром.  Воедно, Настоски ја искористи приликата да им го честита празникот на жената на сите припаднички на понежниот пол во нашиот град.