Кина изврши тестирање на беспилотно летало од домашно производство, кое е направено за растерување на смог и магла со помош на хемиски катализатори, што претставува значаен чекор за кинеската авио-индустрија.
Споредено со други методи на ширење на катализатори, беспилотното летало ги намалува ризиците и трошоците.
Ова летало може да носи три пати поголема тежина од обичните авиони и може да се користи и за други цели, како на пример во земјоделието или во спасувачки мисии.
Кинескиот премиер истакна дека ова претставува „прогласување војна против загадувањето“.
Скоро сите кинески градови во кои минатата година е извршено следење на загадувањето, не ги исполниле кинеските стандарди.
Екологијата претставува приоритетна цел на Пекинг, поради големата вознемиреност кај јавноста поради смогот, загадувањето на водите, како и загадувањето на обработливото земјиште.