Света архиерејска литургија по повод Првата недела од Велигденскиот пост

Денес во црквата „Свети Ѓорѓија“- Влаашка маала Охрид ќе се служи света архиерејска литургија по повод Првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот дебарско  кичевски г.Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

По тој повод Дебарско кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на празникот.