Од ноќеска на полноќ горивата на сите бензински пумпи низ Македонија ќе се точат по пониска цена за половина денар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар.
Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 78,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 80 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 56,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и ќе изнесува 40,926 ден/кг.