Колумна: Египќаните во Македонија, со надежи во Иванов и Бакрачески

DemirDalipДраги мои, денес  над 30.000 Египќани, припадници на еден автохотон, автентичен и посебен етникум, се чувствуваат „уморни“, од децениското трпеливо, но и културно/ манифестирана/ лојалност, кон институциите на системот.

 Тој дискурс, на такво однесување, на припадниците на етничката заедница на Египќаните во Р.Македонија, во една парламентарна демократија и едно мултиетничко, мултиконфенсиално, мултикултурно општество, во краен случај вреди да се поздрави, но за жал, токму таквото етичко етаблирање на Египќаните не вроди со плод за адекватна, праведна и соодветна застапеност, на припадниците на етничката заедница на Египќаните, во институциите  на системот. Драги мои, имам чуство, како да  „испарил“ воспоставениот систем на морални вредности, денес да бидеш „кетмен“ да  му кажеш  во лице, она што го мислиш,  како одраз на една објективна стварност, да бидеш  искрен, коректен, е еднакво на тоа, да бидеш  „осуден“ за натрапник, непожелен, недокветен… Ете, токму тој феномен, драги мои, ги оттурна Египќаните на маргините  на општественото, културното, политичкото и севкупното живеење на Египќаните во Р.Македонија.

 Како личност, кој од својата 17 годишна возраст, е вклучен  во политичкиот, но и општествениот живот на Египќаните во Р.Македонија, слободно и со чиста совест, но и заклучок извлечен од спроведените политички  процеси,  со  мали примеси  на демократичност, дозволете ми, слободно да извлечам констатација дека денес, Египќаните во Македонија, „веќе уморни“ од  долгогодишните лажни ветрувања и бесконечни исчекувања, а секако, драги мои, неизвесноста  убива во поим.

 Но,  во секоја несреќа има и по некоја среќна околност, драги мои, а тоа е  појавувањето на  политичката сцена, на личност  кој за волја на вистината, без разлика како е  целокупниот опиниум и оценка за неговиот политички профил,  за нас Египќаните се  покажа  како политичар со сериозно  демократско портфолио, д-р Никола Бакрачески,  го вметна токму тоа мало камче во мозаикот, наречена граѓанска примеса, во десноцентристичката ВМРО-ДПМНЕ, која ги разбуди надежите на чесните, лојални и неподмитливи Египќани. Ова, драги мои, секако не претставува никакво лигавење пред Охридскиот Градоначалник, бидејќи со д-р Никола Бакрачески, лично ме „врзувала“ фудбалската топка, но не и политиката, со исклучок на последните Локални избори, каде над 90% од Египќанскиот електорат, му ја дадоа својата доверба, и тоа е за поздравување.

 Од друга страна, двата неформални приеми кај Претседателот на Р.Македонија, проф д-р Ѓорге Иванов, ја подигнаа вербата дека конечно, и мојот народ Египќаните, ќе го  најдат своето заслужено место  во политичкиот, економскиот, институционален еквилибрум во Р.Македонија.

 Дефинитивно, како  етничка заедница, треба да израземе голема благодарност за посветеното  внимание, но и време, како на почитуваниот Градоначалник, д-р Никола Бакрачески, така и на мојот професор, Претседателот на Р.Македонија, проф д-р Ѓорге Иванов, кои до детал беа запознаети со фундаменталните проблеми, со кои се  оптоварени и се борат Египќаните во Македонија. Но покрај моралната поддршка,  драги мои, на мојот народ, им е потребна и конкретна поддршка, и тоа што побрзо, тоа подобро. Политичкиот анимозитет и одвратноста од политичките дејанија, кои датираа уште од минатата локална власт, за среќа, денес се надминати, со верба и оптимизам, дека конечно и ние Египќаните, ќе бидеме интегриран и интегрален дел на мултиетничка Македонија. Со таа надеж живееме и веруваме, и токму затоа, и овој пат мојот народ. Египќаните од Македонија, но и тие од дијаспората ќе гласаат, но се плашам да не биде и последно… Suma sumarum, сепак од нас не зависи, ние и ова  оро достојно и цврсто на нозе ке го одиграме…

 Со почит, Демир Далип – овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.