Започна реконструкцијата на потпорните ѕидови кај Канео

Во рамки на неодамна започнатите активности  за средување на населбата Канео и делот што води кон црквата „Св.Јован-Канео“, денес Јавното претпријатие „Градски гробишта“ започна со реконструкција на постоечките потпорни ѕидови кои се опасност за минувачите, а ќе се подигнат и нови.

На овој простор се планира поставување на ново осветлување, односно замена на старите со нови фенери со што ќе се добие уредена патека што води кон црквата посветена на „Св.Јован-Канео“. Овој простор од градов ќе добие нови зелени површини и хортикултурно ќе се дооплеменува.

Sanacija_Pesacka_pateka_Kaneo_4852