Во недела литургија по повод празникот „Пренос на моштите на св.Атанасиј Велики“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15ти мај (недела), во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.