Работнички го победи Вардар, Металург изгуби од Брегалница

Во рамките на 22-то коло од Првата Македонска фудбалска лига Работнички го совлада Вардар со 2:1 и го презеде првото место, со ист број на бодови (38) колку и Вардар, но со подобра гол-разлика. Гостите први го отворија резултатот во 37 минута со голот на Асани, а Маневски изедначи на 1:1 во 45 минута. Победата за тимот на Работнички ја донесе Илијоски во 54 минута.

Денес се играше и уште еден натпревар во Првата МФЛ, во кој Металург изгуби со 1:2 од Брегалница. Брегалница прва дојде во водство, Здравков го отвори резултатот уште во 9-та минута, а Вујовиќ изедначи во 30 минута. Маркоски го постави конечниот резултат во 78 минута.

И двата натпревари започнаа со едно-минутно молчење, почит оддадена за трагично загинатиот директор на ФФМ, Петар Милошевски.

Останатите натпревари од 22-то коло од Првата лига се играат утре, додека пак натпреварот помеѓу Пелистер и Македонија Ѓ.П. ќе се одигра во вторник (18-ти март). 

WebOhrid