ВМРО-ДПМНЕ како политичка опција секогаш се стреми кон транспарентност. Тргнувајќи од тој аспект, а пред се поради интересот на граѓаните за приказ на затекната финансиска состојба на градот Охрид од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на неколку наврати беа повикувани политичките опоненти СДСМ да одговорат на поставени прашања во врска со потрошените репрезентации во време на нивното осумгодишно владеење со градот Охрид во периодот 2005 до 2013 година, рече на денешната прес конференција советникот од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Илија Арнаудоски.
„За жал останаа поставените прашања а од нивна страна не добивме никаков одговор. Тоа само зборува за несериозниот и манипулативен однос на СДСМ кон она што значи отчетност кон граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ секогаш стои зад дадените ветувања, и токму поради тоа како што укажавме и претходно доколку СДСМ не одговори на нашите прашања ние ќе ги обелодениме податоците кои се од интерес за граѓаните, бидејќи граѓаните имаат право да знаат на што најмногу се трошеле нивните пари.“– истакна Аранаудоски.
Како што рече Аранаудоски, периодот од 2005 до 2013 година СДСМ управувајќи со Локалната самоуправа направила огромни суми на средства за репрезентации.
„2005 година 743, 572 денари
2006 година 1, 521,331 денари
2007 година 2, 268, 630 денари
2008 година 3, 761,411 денари
2009 година 3, 425,516 денари
2010 година 3, 114, 435 денари
2011 година 4, 196, 735 денари
2012 година 6, 593,415 денари
2013 до 04.04. месец 1, 341,943 денари
Ваквите вртоглави милионски суми потрошени пари од граѓаните стрикно само за репрезентации не преставува ништо друго туку јасен показател за недомаќинското работење на СДСМ цели осум години. Низ прикажаните бројки јасно може да се согледа енормното зголемување на средствата за репрезентации и тоа со пропорционално зголемување од година во година со што разликата помеѓу потрошените средства за репрезентации од 2005 до 2013 година верувале или не се зголемени за скоро десет пати. Дури сега е јасно зошто СДСМ нема одговор за поставените прашања од страна на ВМРО-ДПМНЕ а чии одговори пред се, се во интерес на граѓаните на Охрид. И уште појасно станува зошто цели осум години не согледавме отчетност и транспарентност. Но нејасно останува како СДСМ се обидува да се амнестира од ваквиот принцип на недомаќинско работење и енормно трошење на парите на граѓаните на Охрид. За ваквиот однос на политичкиот опонент СДСМ ќе оставиме граѓаните да судат.“- потенцира Арнаудоски и како што рече денеска одново но и за последен пат ги прашуваат СДСМ колку пари биле потрошени за службени патувања во времето од 2005 до 2013 година, време во кое тие беа на власт во Локалната самоуправа во Охрид.
На прес средбата Арнаудоски потенцира дека Градоначалникот Бакрачески и Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе бидат на страната на народот.
„Транспаретната работа на ВМРО-ДПМНЕ е доволен и јасен показател за правецот насочен кон развиток и просперитет на градот Охрид. Домаќинското работење и управување на Локалната самоуправа и донесување на одлуки само и само во интерес на граѓаните е наш приоритет.Тоа јасно го препознаваат нашите сограѓани а впрочем тоа најдобро ќе се согледа и преку нивната дадена доверба кон ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори.“- заврши Арнаудоски.