Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2013 година изнесува 3.2%. Во четвртото тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во секторите Ѓ – Градежништво од 32.1%; Ж – Хотели и ресторани од 4.4% и В+Г+Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 2.6%. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2013 година, номинално расте за 2.4%, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 70.7%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 5.2%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 2.3%.