Стратешко планирање на Сојузот на извидници на Македонија

Градот Охрид од 14 до 17 март е домаќин на конференцијата за стратешко планирање на Сојузот на извидници на Македонија за периодот 2014-2020 година. На конференцијата учествуваат повеќе од шеесетина претставници од Извидничките одреди од нашата земја,а настанот  се одржува во Извидничкиот центар.

„Настанот е од големо значење како за самата организација така и за претставувањето на истата во светски рамки. Стратегијата и насоките во кои што се одвива истата се во склад со останатите скаутски сојузи во Европа и Светот, каде што идните извидници, деца и младинци ќе работат со збогатена и осовременета програма за едукација стекнувајќи способности од корист за градење на оформена личност, корисна за себе и општеството“, – вели Зоран Костоски, Старешина на ИО.ПИОНЕР – Охрид.

Izvidnici02 Izvidnici03 Izvidnici04