Финале на светското првенство во ватерполо, Македонија – Италија.
Се игра последната минута, резултатот изедначен…
Топката стигнува до Димче, овој плива кон противничкиот гол.
Од клупата скокнува тренерот:
– Димче! Подај му ја топката на Трајче!
Димче само погледнува и повторно се упатува кон голот.
– Ама Димче, подај му ја топката на Трајче! – вика тренерот држејќи се за глава.
А Димче и понатаму кон голот ја забива топката во мрежата…
Судијата свири крај, публиката збеснува…
Димче гордо излегува од базенот и оди кај тренерот кој седи и плаче.
Димче: Победивме, сега сме ШАМПИОНИ!
Тренерот: Знам, ама Трајче се удави!