Во Британија, на европската лотарија „Евромилионс“ е извлечена премија од 107,9 милиони фунти, што претставува четврта награда во историјата на британската национална лотарија според висината на износот.
„Евромилионс“ се игра во девет земји од западна Европа и тоа во Австрија, Белгија, Британија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија.
Сеуште не е познат добитникот на оваа премија. Рекордната добивка во 2011 година изнесуваше 161 милиони фунти, а ја освои еден пар од Шкотска.