Избран нов претседател на комитет за спринт (кајак на мирни води)

На годишното собрание на Комитетот за спринт (кајак на мирни води) кое се одржа во Охрид, присуствуваа делегати од сите кајакарски клубови за мирни води од Република Македонија.

На собранието е избран нов извршен и надзорен одбор. За претседател на Комитетот за мирни води е избран Димитар Пендовски од кајакарскиот клуб „ЕХО“ од Охрид.