Пелистер се приклучи кон врвот

Денес се одигра и последниот натпревар од 22-то коло од Првата МФЛ. Пелистер со 2:1 ја победи Македонија Ѓ.П. и се приклучи кон врвот со вкупно 38 бодови, колку што имаат Вардар, Работнички и Турново.

Гостите водеа на полувреме со голот на Адем, гол постигнат уште во првата минута. Пелистер се врати во игра дури во 67-та минута со израмнувачкиот гол на Ковачев, а во последните моменти од натпреварот Воденичаров му донесе победа на Пелистер од 2:1

Наредното 23-то коло од Првата МФЛ се игра во недела 23-ти март, додека пак утре, во рамките од фудбалскиот Куп на Македонија се полуфиналните натпревари. Тетекс игра против Металург, а Работнички против Брегалница од Штип.

WebOhrid