Спасов: Ќе се подобри стандардот на околу 65.000 работници со зголемувањето на минималната плата

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов за време на неговото гостување во вестите на Македонската телевизија потенцираше дека инспекторите од државниот инспекторат за труд почнувајќи од денес ќе вршат директни и непосредни контроли на терен, со цел да проверат дали од страна на работодавачите се почитува законот за минимална плата.

„Санкциите се строги, меѓутоа во секој случај доколку инспекторите затекнат определен работодавач или компанија којашто не испалатила мининална плата од 8,800 денари согласно законот, во тој случај задолжително ќе донесат решение за одстранување на недостатоците и со тоа што конпаниите односно приватните фирми се должни во рок од седум дена да ја корегираат исплатата и да извршат дополнителна исплата на минималната плата“, потенцираше Спасов.

Во спротивно, како што нагласи ресорниот министер, ќе следуваат парични казни од 6-7 илјади евра за правното лице и помеѓу 3-4 илјади евра за индивидуалното лице.

„Очекувам да се почитува законот од страна на работодавачите и очекувам да се изврши ова зголемување на минималната плата со оглед на фактот дека не е многу, меѓутоа предвидувам исто така во три години да се врши континуирано зголемување  на минималната плата, со тоа и да се подобрува стандардот на околу 65 илјади работници кои во моментов остваруваат минимална плата“, рече тој.

Спаов потенцираше дека во секторот труд и социјала се релизирани 153 проекти, од кои 45 биле ветени и остварени, а 108 од проктите не биле ветени, а сепак се остварени или се во фаза на реализација.

„Меѓу овие проекти кои што не се ветени а се остварени е и законот за минимална плата меѓутоа и зголемувањето на минималната плата, односно измените на самиот закон кои што ги направивме пред извесен краток временски период. Од друга страна пак она што го ветивме и го реализираме е зголемувањето на пензиите, кое што  е доста значително изминативе години и просечната пензија во Република Македонија е зголемена за 62%, додека пак не ветивме а сепак се зголемуваат социјалните трансфери односно социјалната која што е зголемена изминативе години за 47%,“ посочи Спасов.

Допонително за старите лица, нагласи тој, продолжува да се релизира ветениот проект за бесплатна банска климатска рекреација.

„Веќе овој месец започнуваат пензионерите да ја користат оваа бесплатна услуга и ќе ја искористат 5500. Додека пак не ветивме а го реализиравме проектот за бесплатен летен и зимски одмор на повеќе од 3000 дечиња кои што се без родители или пак деца со пречки во развојот или пак деца од семејства кои што се наоѓаат во социјален ризик“, додаде министерот Спасов.

За време на гостувањето тој зборуваше и за мерката на Владата за вработување на малди лица до 29 годишна возраст, при што истакна дека над 50 приватни компании изразиле интерес да ја користат оваа мерка.

„Ова е една од најновите мерки со кои што на некој начин сакаме да го поттикнеме вработувањето на младите да ја зголемиме вработеноста кај младите, меѓутоа истотака да овозможиме поволности и кај приватниот сектор. Оваа мерка од ослободување од плаќање на социјални придонеси од вкупно 37% до просечна бруто плата е значителна поволност а во моментот има над 50 приватни компании кои во изминатите неколку дена изразија интерес и сакаат да ја користат оваа мерка. Поднесоа барање за вработување на над 100 невработени млади лица. Како што кажав ова е само за  три дена и очекувам во наредниот период се повеќе и повеќе да расте интересот“, заклучи Спасов.