Утре, 19-ти март 2014 година (среда) во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ ќе се одржи седмото првенство на АРМ во крос-кантри трчање. Првенството свечено ќе го отвори Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај со почеток во 11.00 часот, а кросот е предвидено да се одржи на посебно уредена патека во рамките на автодромот во касарната во Кичево, на 10 km во машка и на 5 km во женска конкуренција. На седмото првенство во крос-кантри ќе учествуваат натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Академија и Атлетската Федерација на Македонија.
Атлетската дисциплина во крос-кантри трчање, во АРМ редовно се одржува во последниве неколку години, што придонесе постигнување на забележителни спортски резултати во атлетиката, како на учеството на меѓународните атлетските воени првенства, така и на атлетските натпреварувања во Македонија.
На годинешново првенство во крос-кантри, се очекува учество на повеќе од 120 припадниците на АРМ, со што уште еднаш ќе се демонстрира важноста на изградбата на физичката кондиција и спортскиот дух како неопходни фактори за здрав живот и успешно извршување на задачите кај припадниците на АРМ.