Со официјалното завршување на зимскиот режим на сообраќај, Ј.П. „Охридски Комуналец“ пристапи кон темелно расчистување на магистралните сообраќајници „Железничка“ и „15-ти Корпус“, кои во текот на зимскиот период беа одржувани од страна на „Македонија пат“. Коловозот и околниот простор детално се расчистуваат од абразивните средства, што ќе овозможи понатамашно полесно одржување на овие сообраќајници, вклучувајќи и машинско чистење.