Општина: Има ли крај на дубиозите и долговите кои СДСМ ги направи во текот на нивното владеење со општина Охрид

Општина Охрид денес испрати соопштение, кое се однесува на најновиот пристигнат долг кон МЈП „ПРОАКВА“. Во соопштението се вели:

„Лесно е да се излегува во јавноста на прес конференции и лажно да се обвинува, како што тоа го прави СДСМ, но треба да се има трунка доблест и да се признае дека граѓаните на Охрид, веројатно уште долго ќе го плаќаат неразумното, неодговорното и крајно штетното работење и однесување на минатата власт кон сопствените сограѓани. И покрај огромните напори на градоначалникот Никола Бакрачески и новото општинско раководство, никако не може да се формира одбранбен механизам за општината да заздрави од кабахадијското менаџирање со градската каса и јавните претпријатија од времето кога владееше СДСМ.

Како поинаку да се протолкува најновата епизода од бескрајниот серијал на недговорното работење на СДСМ и нивните квази менаџери, овен како злосторство кон сопствените сограѓани и иднината на Охрид. А таа епизода зборува за нов  долг на МЈП Проаква од, неверојатни  93.339.953,оо (деведесет и три милиони триста триесет и девет илјади и деветстотини педесет и три денари)!?, потврден со  правосилна пресуда на Врховниот Суд на Република Македонија. Овој долг и покрај инволвираноста на повеќе финансиски институции и добрата  волја од нивна страна во спроведување на проектот – “Модернизација на системите за водоснабдување и за отпадните води“, исклучиво е резултат на нестручното и неодговорно работење на раководителите поставени од СДСМ.

Се разбира дека од СДСМ повторно ќе ламентираат дека “тие не се повеќе власт“ и дека новата општинска власт имала доволно време да се справи со наталожените проблеми! Ова се разбира е делумно точно: тие не се повеќе власт што е среќна околност по катастрафота што ја оставија зад себе, но наталожените проблеми се со гравитациска сила на црна дупка и никако да испливаат на хоризонтот за конечно да знаеме со што треба да се справиме. Ова никако не треба да се разбере како малодушност или алиби. Напротив, градоначалникот Бакрачески и новата општинска власт продолжуваат со темпото на спроведување на програмата и активностите од кои корист ќе имаат сите граѓани на Охрид. Ништо нема да не поколеба во нашата мисија, Охрид да стане пример за успешна локална самоуправа, а неговите граѓани среќни и исполнети луѓе.“ – стои во соопштението на општина Охрид.